Во гостувањето на ТВ Сител, премиерот Зоран Заев најави дека ќе поднесе оставка доколку на локалните избори во недела СДСМ го изгуби Скопје.
Сепак, Заев додаде дека владата ќе остане да биде предводена од Социјалдемократскиот сојуз.
Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец човек. Но, потребна е поддршката од граѓаните. Можете да бидете вие колку сакате храбар, притоа претпазлив за сето тоа што е важно за државата и да ја интегрирате во НАТО, да добиете понуда за почеток на преговорите со ЕУ да дај Боже до крајот на годината отвориме прва меѓувладина конференција, тоа се надежите и моите согледувања кои ги имам, но не можете да имате општини кои го шират конзерватизмот, национализмот и ги делат граѓаните или општини каде, на пр. Скопје како град е Влада во Влада, тој е многу важен, или сите други општини кои остануваат – вели Заев и додава:
Да имате политики кои ќе ве скараат со соседите, а тоа не носи кон интеграциите на ЕУ или да се борите во делот на поддршка на модерни булевари, модернистички решенија, а некој да се залага за сосема спротивно, а тоа е барокот и слично. Јас или Влада предводена од мене не може понатаму да води таква Влада!
Запрашан дали некој друг ќе ја преземе премиерската функција во случај на пораз во Скопје, Заев одговори потврдно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.