За протестот на кој членови на СДСМ палеа партиски членски книшки и го запалија партиското знаме поради одлуката сегашниот градоначалник во Радовиш Герасим Конзулов да не биде реизбран, премиерот Зоран Заев кажа дека секој протест е слободно уставно загарантирано право.

Ние водиме грижа за незадоволството и се обидуваме на сите да им објасниме зошто вака имаме одлучено. Анкетите во Радовиш покажаа дека повеќе од 60 проценти од граѓаните велат дека сегашниот градоначалник не заслужува да биде реизбран, и тоа е јасна порака од граѓаните дека треба да настапите со ново кадровско решение кое што има многу попозитивни реакции кај граѓаните – кажа Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.