Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, но во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање, рече вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев во „Топ тема“.

Според Заев, можеме да кажеме дека успешно се справуваме со пандемијата со коронавирусот, а ќе мора да живееме вака додека не се измисли вакцината.

Границите ќе бидат отворени, нашинците ќе си дојдат, но не се знае колку ќе се вратат годинава, но постои можност за нови пикови и во летото, есента веќе се отвораат училиштата, ќе доаѓаат новите вирози. Сега е моментот да излеземе да гласаме, затоа што потенцијалот на најмалку заразени е сега, рече Заев.

Тој напомена дека во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање.

Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, најпрво го гледаме здравјето на граѓаните, да нема никој заболен, па тогаш да се разговара за избори, но во услови кога нашата земја нема Парламент, здравје за граѓаните е и функционален Пармален, затоа час поскоро треба да се оранизираат избори, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.