Претседателот на Владата, Зоран Заев во рамки на одржувањето на 8-иот Самит на Шефови на Влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1 во Дубровник, Република Хрватска оствари средба со премиерите на Хрватска и Грција, Андреј Пленковиќ и Алексис Ципрас, соопштија од прес центарот на Владата.

На заедничката средба беше изразена голема поддршка од Хрватска и Грција за евроатлантските интеграции на Република Македонија, за започнување на преговорите со Европската Унија во јуни како и за целосно заокружување на процесот за полноправно членство во НАТО.

Во рамки на оваа трилатерална средба беше потенцирана заложбата од страна на премиeрите дека во иднина ќе се работи интензивно на зацврстување на економските релации и врски помеѓу трите земји, за унапредување на меѓународната трговија и инфраструктурно поврзување што ќе даде позитивен ефект на домашните економии од што бенефит ќе почуствуваат граѓаните во сите три земји, Македонија, Хрватска и Грција, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.