Премиерот Зоран Заев, за време на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Словенија оствари билатерална средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика на ЕУ, Хозеп Борел.
На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, премиерот Заев ја изразил неговата и благодарноста на Владата за личната поддршка на потпретседателот на ЕК за почеток на пристапните преговори за нашата земја со ЕУ.
Премиерот Заев истакнал дека блокадата на оперативниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ за Македонија и за Албанија во целиот регион се оценува како сериозно назадување и удар врз довербата во целата ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.