На маргините на конференцијата на „Економист“ во Атина, премиерот Зоран Заев, остварил средба со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат. На средбата, со фокус на енергетско-економските иницијативи, присуствувале и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Како што се наведува во Владиното соооштение, Заев изразил благодарност за севкупната поддршка што Македонија ја добива од САД во континуитет и порачал дека денешното потпишување на Договорот за гасниот интерконектор е историски за земјава од аспект на тоа што Македонија за прв пат инвестира во Грција во еден ваков стратешки проект за целиот регион.
Заев го информирал амбасадорот Пајат за актуелните политички и економски процеси во Македонија и изрази благодарност за неговиот фокус на проектите во земјата и целиот Западен Балкан.
Амбасадорот Пајат изразил силни заложби за интензивирање на стратешкото партнерство, а како што истакнал, потпишувањето на денешниот договор е од големо значење и за Македонија и за Грција и за САД.
На состанокот се разговарало и за одличната соработка во одбраната и НАТО партнерството како и за неодамнешната заедничка вежба на американски, македонски, грчки и бугарски војници.
Амбасадорот Пајат подвлекол дека посетите на премиерот Заев во Атина се важни и даваат позитивен импулс на зајакнување на соработката меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.