Зоран Заев, претседателот на СДСМ, за денешните објавени аудио-снимки во кои се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, во кои се споменува и Филип Медарски, тврди дека се извадени од контекст затоа што, според лидерот на владеачката партија, се работи за ангажман на адвокатот во меѓусебен спор во Тотал ТВ, а не за случај за дијализниот центар „Дијамед Македонија“ и за продажбата на неговата концесија.
Медарски, многу често и адвокат на СДСМ, имал предмет во кој сопственици на Тотал ТВ имале меѓусебни пријави во полиција, која постапувала по Тотал ТВ, а тој бил застапник на еден од нив. Еден од сопствениците на Тотал ТВ е пријател и на Ден Дончев, па зборувале за него, рече Заев.
Тој тврди дека ги видел аудио-снимките и дека Медарски не бил вклучен во никакви релации со „Дијаверум“. Наведе дека ВМРО-ДПМНЕ стои позади овие снимки и дека неговата партија ќе излезе подоцна со детали за овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.