Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Клубот на пратеници (13:30) ќе се сретне во претседателот на движењето Беса, Билал Касами во рамки на разговорите и консултациите со коалициските партнери околу можноста за изнаоѓање заеднички кандидат за престојните претседателски избори.
Заев вчера требаше да се сретне со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, но Села ја откажа средбата во знак на револт од одземањето на ингеренциите во образованието на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. Заев вчера изјави дека остава простор за натамошна комуникација и, како што рече, го разбира револтот, но законите мора да се спроведуваат.
Заев завчера имаше средба со лидерите на „Алтернатива“ Африм Гаши и на ДПА Мендух Тачи, а ден претходно со претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Начелно сите дадоа согласност да се направи обид да се најде заеднички кандидат за претседател на државата, прифатлив за граѓаните од сите етнички заедници и социјални слоеви, личност која ќе ја одразува идејата: едно општество за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.