Првпат во историјата на Македонија премиер бара да се гласа недоверба на Владата. И додека можеби на прв момент звучи како хрбар потег, се појасен станува очајот – да се искористи бонредната состојба за да си ја спаси фотелјата. Од ведро небо и без можност за тридневна расправа, Заев на денешната собраниска седница побара од пратениците да изгласаат доверба на неговата Влада. Заев кажа дека според Уставот и собранискиот деловник, премиерот има право усно да побара гласање доверба на Владата. Помина, онака, а стаклени нозе, како што поминуваат сите работи во актуелниот состав на Собранието. Со 62 пратеника кои гласаа за доверба на Владата, Заев си ја спаси фотелјата.
Иако навидум храбар, потегот на Заев е доста кукавички изведен, а тоа веднаш му беше посочено и од опозицијата во Парламентот.
Немавте сила, храброст да го поставите по член 214 став 3 и да дозволите три дена расправа тука и да ги кажеме сите аномалии на оваа Влада, туку бегајќи од јавноста три дена не сакате да излезе тоа што во Република Македонија нема вакцини, тоа што имаме најголема смртност во Република Македонија, тоа што вчера министерот за борба со корупцијата во Република Македонија на медиумите им вика јас ве плаќам треба да кажувате јас што кажувам на „Топ тема“. Сакате да избегате од сите коруптивни скандали кои што ги има оваа Влада, му посочи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски од собраниската говорница
Не само што е првпат да се избегне тридневната дебата за гласање на доверва, туку е и првпат Влада стара само неколку месеци да биде ставена пред пратениците, што на некој начин покажува дека Заев сериозно е загрижен и дека очајнички купува време за климавата влада. Симтоматички, на овој потег Заев се решава додека лидерот на опозицијата се бори со коронавирусот и е во изолација. Со ова избрзано и шверцерско гласање Заев само ги потврди последните гласини дека неговата коалиција е пред распад, посебно откако и пратениците на ЛДП и на ДС решија да делуваат самостојно, а гласањето на доверба отсликува колку недоверба има тој во неговите коалициони партнери.
За новинарот Бранко Героски, пак, кога премиерот бара парламентот да му изгласа доверба, без расправа, тоа се вика дисциплинирање на парламентарното мнозинство. Ова доаѓа баш во моменти кога врвот на опозицијата, меѓукои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во неколку наврати нагласи дека разговаат со пратеници од коалицијата на Заев и дека малку е потребно за пресврт во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.