На новинарско прашање Заев негираше дека разговарал со Боки 13 за Орце Камчев или Катица Јанева. На прашањето да даде коментар за тоа дека во една од снимките за „Рекет“ Боки 13 вели дека ќе менаџира со него, Заев одговори дека немало такво нешто.
Нема такво менаџирање, јас никогаш не сум разговарал на таа тема со господинот Бо…јан Јовановски и тоа на неколку пати сум го коментирал, односно го отфрлувам и на било каков начин да постоеле разговори со Бојан Јовановски на тема, Орце Камчев, Катица Јанева или били што, што досега претставува ииндиции ocoмниченост за незaконски дејствија, рече Заев.
На новинарско прашање дека италијански новинар најавил нови „бомби“ и оти Заев во нив наводно е лично инволвиран за набавки во здравството, премиерот одговори дека доколку постојат докази за незаконско инволвирање веднаш да се објават.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.