Лидерот на СДСМ, Зоран Заев одржа прес конференција и рече дека вчера објавените снимки во кои  се слуша неговиот глас, потврдиле дека уште тогаш бил убеден дека граѓаните ќе поддржат демократски, а не режимски политики.

Разговорите докажуваат дека сум бил убеден дека граѓаните ќе поддржат демократски, а не режимски политики. Тоа дека граѓанските организации се многу поблиски до демократиски политики за чиј предводник се сметав, отколку за режимските политики на Груевски и Мицкоски. Јас добро знам дека нема сила што ќе ги контрола граѓанските организации. Разговорот потврдува дека бомбите се дадени на СЈО, и никаде освен во СЈО. Таму се потрдува дека можно е Чауш како Албанец да имал допир со бомбите, но откако биле дадени на преведување за да можат да бидат објавувани. Слушате и моја јасна определба за расчистување на криминалнците и криминалот, рече Заев.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.