Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори што се закажани на 17 октомври.
Премиерот Зоран Заев сподели видео со кое ги претстави своите кандидати за градоначалници.
Мојот градоначалник е од мое маало. Постојано е меѓу народот, добар со сите. Со конкретен план и решенија за проблемите.
Мојот градоначалник е подготвен за сѐ. Не се случило да не помогне некому.
Мојот градоначалник си го знае својот народ. И решава проблеми. Се грижи да имаме поквалитетен живот. За зелен и чист град.
Градоначалникот е наш човек. Домаќин човек и вистински пријател.
На крајот на денот, тој секогаш има време за семејството.
Мојот градоначалник? Најдобар е, напиша Заев на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.