Сашо Миајлков ризикуваше семејство и имот и затоа сам се пријави. А тоа дека имал температура 40 степени се приказни за мали деца, изјави вечерва премиерот Зоран Заев кој додаде дека обвинетиот Мијалков бил принуден да се пријави во Обвинителството за организиран криминал откако институциите постапиле против неговото семејство како негови помагачи во бегството, но и со закана за запленување на неговиот имот.

Како што кажа Заев на прес-конференција пред Владата, набрзо откако Мијалков сам се пријави во обвинителството, адвокатите на ексдиректорот на УБК претходно биле неколку часа во обвинителството за да го договорат предавањето.

Сашо Мијалков избега, па се предаде самиот. Тоа треба да му биде отежителна околност во постапките што се водат против него. Обвинителството отвори истрага за ова кривично дело, МВР ги повикуваше на информативен разговор неговите најблиски околу бегството. Се знае со кого од семејството беше виден последен пат од полицијата како влегува во хотелот ‘Мериот’. (со неговата сопруга и тројца обезбедувачи). Беа посочени како осомничени во предистрагата. И ефектот, еве го. Самиот се пријави“, рече Заев, кој додаде дека неговата температура се качила над 40 степени целзиусови, а не таа на Мијалков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.