Со повикот на отпор Мицкоски покажал дека не е за ЕУ и НАТО, туку за нов 27 април, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната изјава на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој повика на отпор.

Дали тоа значи дека ќе прават нов 27 април. Тоа сигурни нема да го дозволиме. Што и да прават тие нанесуваат само штета на Македонија. Кога човек нема став тоа е штетно и за најмала политичка партија, а за големите партии е катастрофално. Тој влегува од еден проблем во друг, но најлошото е што тие проблеми стануваат проблеми на државата. Непријатно е чувството од тоа што тој го продуцира – пратеници да поминуваат низ одредена драматургија. Секоја закана и ширење на омраза, секоја недозволена активност на кој било граѓанин очекувам МВР да ја санкционира согласно закон. Луѓето кои веруваат во Договорот и иднината на Македонијуа минуваат низ пекол и тоа е продуцирано од Мицкоски и неговата партија. Не само што не ѝ помага на Македонија, туку прави несогледливи последици и остава трага во нашето општетство, рече Заев на прес–конференцијата по промоцијата на сертификатот за првиот овластен економски оператор.

Заев изјави дека не очекувал таква неодговорност, но оти секој на крајот ќе треба да си ја понесе својата одговорност.

Силна опозиција треба да значи и одговорност за државата, а овде тоа го нема, оцени Заев. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.