Не држат тезите дека преку овој предлог за Законот за јавно обвинителство некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт.

Со законот се гарантираат сите актуелни случаи, отпочнати предистраги, истраги, судски процеси и слично без разлика за кого се однесуваат, вклучително и предметите од СЈО, но и од Обвинителството за организиран кримнал и тоа сегашни, минати, а веројатно и идни предмети. Ако ВМРО-ДПМНЕ е за вакво решение јавно ги повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговаат за се да решиме во функција и интерес на граѓаните. Во спротивно, останува само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот и да ја спречи одговорноста за криминалот без разлика за кого се однесува, рече Заев во одговор на новинарско прашање за време на посетата на МАСИТ.

Заев во однос на најавата на Мицкоски дека нема да учествуваат ако не се прифатат нивните забелешки рече дека тоа е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.

Со барањето од опозицијата да биде предложен јавниот обвинител, Мицкоски испраќа порака дека има намера да остане во опозиција. Вака критички да се настапи за закон кој е во координација со Европската делегација, ЕУ и САД е далеку од било каква нормалност во однесувањето во вакви сериозни моменти пред кои сме исправени. Испраќам порака на сериозност – сега и требаме сите на државата. Можеме да дадеме аргумент плус за нашиот народ и на нашите пријатели – лидерите на земјите-членки на ЕУ и на Европската  комисија да имаат уште еден аргумент пред следните одлуки кога ќе носат историски важни одлуки за Република Македонија, потенцира Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.