Премиерот Зоран Заев вечерва ги демантираше тврдењата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера изјави дека тој му нудел влез во Влада и министерства за да го прифати Договорот со Грција, но дека тој одбил.

Мицкоски бесрамно лаже заради изборите, свесен е дека губи како што јас сум сигурен дека победуваме. На тој состанок не бевме сами, беа и Али Ахмети и Беса. Не му беа понудени ниту 5 министерски места, изјави Заев во интервју за ТЕРА.

Во однос на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, премиероти лидер на СДСМ смета дека гласот даден за неа е врќање кон „мрачното минато“.

Се што Силјановска се залага е невозможна мисија и враќање во мрачното минато. Стево Пендаровски е единствениот кандидат којшто сплотува“, вели Заев.

Мицкоски нема што да каже за визијата и понудата што треба претседателот да сработи, додава тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.