Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше пречекан од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел пред почетокот на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин.
Непосредно пред почетокот на Конференцијата, владината делегација оствари работен состанок со канцеларката Меркел, на која главна тема на дискусија беа придобивките од Договорот од Преспа за стабилноста, соработката и мирот во регионот.
Заеднички беше констатирано дека земјава и Преспанскиот договор се позитивен пример на Балканот и дека тој успех е охрабрување за сите земји-учеснички на Конференцијата за Западен Балкан.
Премиерот Заев и канцеларката Меркел ја истакнаа важноста на економските придобивки кои ги носи билатералната соработка меѓу Македонија и Грција и потенцираа дека ваквите соработки треба да се интензивираат низ целиот регион.
Премиерот Заев на средбата нагласи дека соработката, пријателството и реформите кои ги спроведува земјата се сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската унија за почеток на преговорите во текот на летото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.