Ја испуштивте шансата да бидете искрен и чесен и да кажете дека не успеавте да ги средите работите во судството. Мојот адвокат нема да го водите како пие кафе со државниот обвинител и му дава инструкции. Со овие зборови претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му возврати на претседателот на СДСМ Зоран Заев на забелешката дека не се сложува дека не се постигнати реформи во судството.
Ако порано беше Сваровски судство, денеска е Луј Витон судство. Последниот предлог за член на Судскиот совет е активист на СДСМ. Дента кога ја бираат, таа ги немаше исчистено фотографиите на социјалните мрежи со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Но, суштината е во тоа дали ние политичаритеимаме волја да направиме реформи во судството, рече Мицкоски во ТВ-дуелот на Канал 5.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека дополнително Заев го слушаме како се јавува и збори на телефон кој што да прави во судството.
Тоа го нема кај мене, такво нешто не може да слшнете, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.