И покрај најавите за бојкот од повеќе партии и здруженија, премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека владата и другите државни институции немаат намера да го одложат пописот.
Сите велиме дека не знаеме кога ќе заврши пандемијата, никој не ни знае да одговори на тоа, но ние ѝ правиме штета на државата, трошиме кој знае колку пари затоа што немаме попис. Најлесно е нешто да одложите, прашање е дали ќе прифатите предзвик да го спроведете, рече Заев во гостувањето во вестите на Сител.
Тој направи споредба со ланските обиди на опозицијата да ги одложува парламентарните избори до недоглед, но во ваква ситуација на неизвесност никоју не знае каква ќе биде здравствената криза следната година.
Изборите ги одложувавме до јули, опозицијата велеше да бидат во септември, а каква ни беше систиацијата есента? Беше непроменета. Со оглед дека никој не може да гарантира каква ќе биде ситуацијата за шест месеци или една година, тогаш зошто да одложуваме. Тоа што можеме да го направиме денес, да не го одложиме за утре. Други држави одложуваат оти имале пописи пред десетина години, а ние? Ние имавме во 2002 година последен попис, објасни Заев зошто нема да има одложување на пописот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.