„Зоран Заев срамно си поигруваше со чувствата на семејството на Никола Младенов, неговите пријатели и познаници и целокупната јавност. Зоран Заев измислуваше различни теории на заговор, само за да се приграби до власт. Сопругата на Младенов, вчера конечно ја потврди вистината и јасно кажа дека причина за несреќата е неприлагодена брзина“, истакна Славева во обраќањето.

Таа додаде дека сопругата на Младенов е децидна оти нема никаков сомнеж дека станува збор за нешто друго.

„Сопругата на Младенов го демантираше и ги разоткри лагите на Заев, кој манипулираше дека во истрагата се криени докази и дека е потребна нова меѓународна истрага. Заев и СДСМ мислат дека граѓаните забораваат, но се лажат. Јавноста се сеќава на сите лаги и на сета деструкција изнесена во врска со смртта на Младенов“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа исто така цитираше изјава на Зоран Заев во врска со смртта на новинарот, дадена за српски медиум: „Јас ветив пред граѓаните меѓународна истрага и за Смилковското езеро и за кумановските настани и за убиството на Никола Младенов, кој тоа стои позади“, рече во таа прилика Заев, посочи Славева.

Според неа, Заев и СДСМ треба да им се извинат за лагите и на блиските на Младенов и на професионалците кои ја воделе истрагата и на целокупната јавност. Исто така додаде дека СДСМ мора да си замине од власт, а за да се случи тоа, како што кажа, потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска – Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.