Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на централниот настан на караванот „Најдоброто за мојата општина“, кој се одржа во Крушево, говореше за сето она што во градот е направено изминатите четири години, нагласувајќи дека во Крушево денес се унапредени условите за живот.
-Во Крушево се рехабилитираше регионалниот пат Крушево – Пуста Река. Овој регионален пат е во должина од 15 километри, за првпат откако е изграден после 40 години. Се реконструираа и патиштата кои водат до соседните општини Долнени и Кривогаштани. Крушево доби мултифункционална спортска сала. Денеска во Крушево се унапредени условите за живот, истакна Заев.
Тој најави дека Крушево ќе добие и нов водоснабдителен систем, со што ќе се надмине проблемот со слабиот притисок во летните месеци. Нагласи дека се работи на овој проект, добиени се еколошките согласности и вети оти ова прашање ќе се реши.
Заев вети дека ќе продолжат и со рехабилитација на патиштата за Крушево да биде уште подобро поврзано со другите градови и населени места и додаде дека ќе инвестираат во секој проект што значи унапредување на инфраструктурата и привлекување туристи во текот на целата година.
-Затоа Крушево на 17 октомври ќе победи со 12 уште во 12 часот. И нема да застанеме тука. Крушево е македонската гордост. Со својата разноликост на култури и традиции Крушево е Македонија во мало. Град кој ја задолжил македонската историја и затоа мораме да инвестираме во неговата иднина. Токму тоа ќе го правиме во следните четири години преку проектите во програмата на Томе Христоски зад кој застануваме и ние како СДСМ и како коалиција „Најдоброто за мојата општина“, нагласи Заев.
Тој истакна дека во следните четири години е предвидено овој град целосно да се гасифицира, со што ќе се придонесе за заштита на природата и ќе доведе до намалување на трошоците за загревање на домаќинствата.
Заев нагласи дека СДСМ ја предводи Владата и најголем број од нашите македонски општини и додаде дека тоа се четири години на успеси на локално, на централно и на меѓународно ниво.
-На меѓународен план ја вративме државата на вистинскиотм пат, ги решивме отворените прашања со соседите и да го зацврстивме македонскиот идентитет, станавме 30 земја членка на НАТО, се вративме на патот на интеграција кон ЕУ. Дома, ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, го подигнавме животниот стандард на граѓаните, реализираме капитални инвестиции што го унапредуваат квалитетот на живот. На локално ниво инвестиравме во проектите што живот значат за општините и граѓаните. Изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта. Изградивме 60 детски градинки, реконструиравме, изградивме нови 80 училишта, 34 болници, 20 домови на култура, театри, општински згради, изградивме објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра, истакна Заев.
Пред прусутните се обрати и кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Томе Христоски, кој порача дека 17 октомври и бројот 12 се симболи, кои означуваат развој, раст, проекти, решенија и успеси.
-Овие броеви значат продолжение на она што го работевме изминатите четири години. Во изминатите четири години реализиравме над шест милиони евра во проекти, ја реконструиравме спортската сала и ја проширивме нејзината намена во авантуристичка понуда, потоа горната училишна зграда, а обезбедивме и средства за реконструкција на кровот и салата на ОУ „Никола Карев“, изјави Христоски.
Најави дека во новиот мандат ќе се изгради уште еден објект, а ќе се работат и на изградба на авантуристичкиот парк, напоменувајќи дека иднината е во активниот туризам.
-Затоа вложуваме во параглајдерството, во велосипедските патеки, во поставување на карпи за искачување. Во Крушево организиравме едно светско, две европски и седум меѓународни првенства за параглајдерство и змајарство, истакна Христоски и додаде дека ќе работат на училиштата во Саждево, Бучин, Пресил, Морово.
Носителот на листата, Андреј Николоски истакна дека е огромна честа е огромна да се претставува СДСМ и да се предводи идното мнозинство во Советот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.