На денешната прес конференција, Зоран Заев рече дека кризата со коронавирусот остави сериозни последици на економијата и затоа се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.
Очекувам датум за изборите кој, според нас, е во средината на јуни, и очекувам консензус и здраворазумски да ги донесеме одлуките.
Сега е одговорно да се излезе пред граѓаните и да се соопшти во кој период е најдобро да се одржат парламентарните избори, изјави на прес конференција која е во тек, лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешната средба со коалицијата „Можеме“.
Заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата тоа е најдобро од здравствен и економски апсект. Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравjeто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик.
Тоа би и дало можност на државата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални институции, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.