Ивор Мицковски го коментира учеството на премиерот Зоран Заев на дигиталниот самит 17+1 меѓу Кина и земјите од Централна и Истона Европа.

Колку нашите не знаат каде геополитички тераат, иако јаки на вилица колку сме гледале кон Западот и Европа, говори и последниот дигитален самит 17+1 помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.
Нашиве кои се колнат во Америка, но поради мрзливост останаа само на кинески и Вучиќ вакцини, не пропуштија шанса да се истопорат во прво лице и да му дадат одредена важност на Самитот.
Дури и Заев изјавил како соработката со Кина е од интерес за регионот.
Ова во ситуација кога САД и Кина се длабоко влезени во нова Студена војна и допрва се очекуваат силни американски иницијативи и во Европа за ограничување на кинеската пенетрација.
Сега, настрана Унгарија и Србија за кои знаеме дека се златна порта за кинески влез во Европа, многу од земјите на овој онлајн самит беа внимателни кого праќаат да зборува и што да каже.
Во име на Австрија, Литванија, Летонија и Естонија се појавија министри. Романија испрати функционери од најниско ниво. Полска го пушти претседателот, не премиерот.
Нашиот важно се истопори како премиер, веројатно благодарен за вакцините, но тоа залетување нема да помине незабележано од страна на Американците.
Заев кој збореше дека барал дозвола од НАТО и Вашингтон за вакцините, сега одеднаш нема проблем да се истопори и испружи пред Кинезите.
Самитот и кој на него учествува, или не учествува, беше сигнал за тоа кој ги разбира и кој ги слуша пораките од Вашингтон.
Заев очигледно ниту слуша, ниту знае каде тера, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.