Одлуката да биде пуштен Драги Рашковски во домашен притвор е уште еден показател за заробениот правен систем од страна на Зоран Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа одлука денес сама по себе е скандал, бидејќи покажува дека кога Заев те брани , тогаш криминалот се простува.

Постои сериозна основа да се сомневаме дека Заев има вмешано прсти во ваквата одлука. Јавноста со право се сомнева и дека на овој начин може да се влијае врз сведоците и врз доказите, а со тоа и врз целиот судски процес.

Очигледно, како Заев свири, така судовите и обвинителството играат. Да потсетиме дека пред недела дена Заев изјави дека Рашковски не ја злоупотребил функцијата во случајот со набавката на софтвер и дека не верува во обвинението против него и денес гледаме како на Рашковски му се дозволува да биде во домашен, а не ефективен притвор.

Посебна приказна е висината на кауцијата од половина милион евра која Рашковски ја обезбедил, иако цел живот работи за плата исто како што е сомнителен и целиот имот кој што успеал да го стекне. Но тоа што сите го гледаат, судството кај нас не го гледа.

Ова е причина плус зашто мора да замине Заев од власт.

4 години власт на Заев се 4 изгубени години
Доста е!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.