Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција беше прашан од новинарот Љупчо Златев, со оглед на тоа што Заев верува дека ќе победат на изборите, а како што рече, и тој верува, сепак, дали ако изгубат на претстојните парламентарни избори, е подготвен да поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ.

Првиот човек на СДСМ, малку и на шега кон новинарот, расположено одговори дека не му паѓа на памет дека ќе изгубат, и дека на тој начин не размислува со ниту една ќелија од мозокот.

Еве всушност што одговори Заев.

„Кога дочекав Љупче Златев да ми верува дека ќе победиме, воопшто не ми паѓа на памет дека ќе изгубиме, мислиме на победата, на вредностите, и ни една ќелија од паметот не ми помислува дека ќе изгубиме. Ќе победиме, секако народот одлучува, тој ни даде мандат, и кога ми беше дадено тоа право јас донесов одлуки. Еве гледаме, расте економијата, земјава станува членка на НАТО, да се радуваме на убавината и демократоијата, и како ќе одлучи народот, така и ќе биде. Најважно е да има слободни и демократски избори и како ќе одлучи народот, јас сум верник и кажувам дека луѓето одлучуваат, но одлучуваат со божја промисла. Кога гледам какви се нашите мерки, а како се однесува политичкиот опнент, јасно ми е што ќе се случува во државата“, рече лидерот на СДСМ, Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.