Претседателот на СДСМ Зоран Заев преку „Фејсбук“ за време на лидерската средба уште еднаш порача дека нивната коалиција е за парламентарни избори на средината на јуни.
Во тек е лидерската средба кај претседателот Пендаровски, на која разговараме за одржување на предвремените парламентарни избори. Став на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е избори по стабилизација на пандемијата, на средината на јуни, објави Заев.
Веќе три часа лидерите на политичките партии, техничкиот премиер Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери на средба кај претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно дебатираат за терминот за парламентарните избори. Поради запазување на мерките за превенција од коронавирусот средбата се одржува на отворено под тенди, на балкон од Вилата Водно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.