Овој папа гласно зборува за корупцијата, животната средина и лажните вести – сите проблеми со кои се соочува нашата земја. Премиерот Зоран Заев, кој денеска одржа прес-конференција по средбата со папата Франциско верува дека сите треба да учиме од мисијата на папата, но не одговори конкретно што ќе научи од неговата философијата.
Јас верувам дека сите ние треба да учиме од мисијата што Папата ја шири по светот, а тоа е поголема верба меѓу нас, да ги искорениме сите слабости што продуцираат многу непријатни ситуации Тоа се болни прашања за граѓаните. Јас верувам дека треба да продолжиме да бидеме добри луѓе, професионално ориентирани секој во својата област. Овде на Западен Балкан треба сите да се подобриме во сите тие области и да продолжиме да работиме во таа насока. Во Република Македонија имаме многу работа на сите тие полиња, на лажните вести, на граѓанскиот концепт на живеењето, на прашањата на одговорноста и транспарентноста, рече премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.