Премиерот Зоран Заев ќе претседава со состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација што на 19 овој месец ќе се одржи во Брисел.
Од Владата попладнево соопштија дека со оглед на ротирачкото претседателство со Советот за стабилизација и асоцијација предвидено е со годинашниот состанок да претседава премиерот Заев, а копретседавач од страната на ЕУ ќе биде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Во делегацијата на Македонија ќе биде и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а од страна на делегацијата на ЕУ ќе учествува и комесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан.
Информацијата за 15-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија, со Нацрт-платформа за настап на македонската делегација се усвоени на денешната владина седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.