Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски смета дека еден од најсупешните проекти на СДСМ, но воедно и најскапа, со парите на граѓаните, е кампањата „Сите се исти“:
-Постои огромно незадоволство кај народот, но единствениот начин да се промени власта е луѓето да излезат и да гласаат на избори. Целта на СДСМ е народот да остане дома и затоа најскапата кампања што ја води СДСМ преку медиуми и новинари кои што ги поддржуваат е кампањата “сите се исти”. Таа е најскапата кампања на СДСМ која што толку добро е организирана и скапо платена што до обичните граѓани стига како да е од некоја трета страна или некое тело формирано од самите обични граѓани. Но, оваа кампања е креирана и водена од тајни служби и луѓе кои што многу добро знаат психологија. И по мене ова е една од најуспешните кампањи на СДСМ во пи – аровскиот дел. Затоа што успеаа да наметнат кај дел од народот резигнација – не ме интересира политика, не сакам да гласам, сите се исти што е апсолутно неточно, но со сите ресурси кои што ги има власта, кои што ги краде од народот ете од тие стоки и ресурси и други трансфери што ги споменав, имаат доволно да платат луѓе кои што им се блиски, нопвинари, медиуми, за да оваа кампања вози, рече Николоски во синоќешното гостување во емисијата “Јади бурек” на ТВ Сонце.
Но, тоа не е така, продолжи Николоски, бидејќи ниту може да се спореди Христијан Мицкоски со Зоран Заев, ниту него со било кој од СДСМ. Затоа што едноставно не се споредува.
-За Македонија е клучно прашање во иднина дали Зоран Заев ќе си оди или не. Најлошо е тоа што СДСМ сака да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е најлошо што може една партија да го прави, затоа што секој партија што тоа го посакува е копање гроб на самата себе или паѓање во гробот што го копале. Ќе падне и Заев во гробот што го копа, изјави Николоски.
Тој смета дека СДСМ 4 години наместо да се занимава со проблемите на државатам се занимава со ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа што наместо да се занимава со државата, како да ја оправа државата и да оди напред тој се занимава со ВМРО-ДПМНЕ веќе 4-та година. Но, тој проект нема да му успее затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу поголемо од било која власт во Македонија. И таа енергија што ја потроши на дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ или преземање на ВМРО-ДПМНЕ преку уценети луѓе, да ја потрошеше за Македонија сега ќе имавме минимум два автопатишта, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.