Во сезоната на балови во Австрија, Oпернбал, која ќе се одржи во четврток во Виена, е прилика за австриските политичари да повикаат колеги од странство.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на Oпернбал како свој гостин го повикал премиерот на Македонија, Зоран Заев, пренесува агенцијата АПА.
Вице-канцеларот Хајнц Кристијан Штрахе, пак, на Oпернбал го повикал шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
Причина за поканата на Заев на Опернбал првенствено е договорот постигнат со Грција околу името на државата, како и во фокусот на австриската надворешна политика кон Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.