Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека постапката за респираторни машини ја добиле две компании. Едната, рече, носи респиратори од Јужна Кореа, а другата од Германија. Утре сите детали ќе бидат објавени на веб страницата на Министерството за здравство.
-Тешко е да се предвиди процентот на заразени пациенти со коронавирусот кои направиле тестирање, но досега се движеше меѓу 10 и 20 отсто од направените тестови. Очекуваме добри резултати периодов од рестриктивните мерки. Ова е втор изолациски викенд, следниот ќе биде трет, поради што очекуваме да видиме резултати од сето тоа. Во однос на маркетите, сметам дека може да се организира работата. Ние разговараме активно и наскоро ќе излеземе со информација за потребата да се носи покривка на устата и на носот, а тоа може да биде шал или марама како надполнување на социјалната дистанца и заштита на граѓаните, наведе Филипче.
Но, пред две недели во емијата „Само интервју“, лидерот на СДСМ рече дека ќе се набавуваат 50 респиратори од Израел за околу 25.000 по парче и оти ќе чинат 1.250.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.