Бугарските медиуми пишуваат дека премиерот Заев на разговорите со властите во Софија се согласил да „обесхрабрува приватен говор против Бугарија“. Демант или потврда од Владата за оваа информација нема па затоа граѓаните на социјалните мрежи со право прашуваат како Заев има намера ова да го спроведе.

Дали полицијата ќе стои пред вратите на домовите и ќе слуша што семејството седнато на маса си коментира за политиката на Бугарија и дали можеби им излетал некој непристоен збор или псовка.

 

Или пак како во времето на УДБА, граѓаните нема да смеат во кафеана да кажат ништо лошо за Бугарија. Во споротивно и за кажан виц против Бугарија или Бугарите ќе се оди во затвор.

Заев треба да знае дека слободата на изразување е втемелена во Уставот и е основно човеково право и не може само за да и се додвори на Бугарија да прифаќа вакви небулози.

Однесувањето на Заев во многу наликува на она на грчкиот диктатор и генерал Јоанис Метаксас.

Тој бил на чело на Грција од 1936 до 1941 година  и за Македонците во Егејска Македонија тоа бил еден од најтешките периоди.Тој  забранил секаква употреба на македонскиот јазик дури и внатре во семејството.

За секој македонски збор искажан јавно, надвор или во кругот на семејството, следувале тешки казни. Поради кршењето на забраната за користење на македонскиот јазик, повеќе од 5000 Македонци биле осудени и затворени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.