Добрите политики на Владата, смета премиерот Зоран Заев, се отсликуваат и во држење и на стабилното мултиетничко општество, јасните економски перспективи, економски мерки кои повлекуваат зголемување на просечната и минималната плата, како и подобар стандард на граѓаните воопшто.

Тој не исклучува можност за коалицирање на СДСМ на локалните избори, но не прецизираше дали тоа би се случило во првиот или вториот круг.

Локалните избори се поразлични од парламентарните и претседателските избори, но ние имавме коалиции и на овие избори зошто, па не би имале и на локалните. За претседателските избори во 2019 направивме најголема коалиција. Тоа го направивме и на парламентарните избори. Верувам дека можеме, бидејќи во единството е силата. Ќе правиме коалиции, прашањето е дали ќе бидат и колку во обем уште во првиот круг и колку во вториот круг – нагласи премиерот Заев.

Локалните избори, посочи тој, се избори на личности на кои партиите имаат влијание, но, не толку силно.

На локалните избори самата личност за советник и градоначалник е важна и од нив ќе зависи дали ќе има коалиција или не. Ако ги прифатат нашите максимално добро избрани кандидати ќе не поддржат уште во прв круг или обратно ние нивните кандидати –  нагласи премиерот Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.