Премиерот Зоран Заев вечерва пред почетокот на состанокот на извршниот одбор на СДСМ, истакна дека ќе биде искористено да се разговара и за промена на името на партијата, со новото име.

„Ќе го искористиме овој Конгрес да дебатираме и за името на партијата. Има добри предлози како на пример да биде само Социјалдемократски сојуз или Социјалдемократски сојуз на Македонија“, истакна Заев.

СДСМ е основана во 1991 година во Скопје како наследник на партијата СКМ, а за нејзин прв претседател бил избран Бранко Црвенковски. Заев реши да го промени името на партијата на Црвенковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.