Во извештајот за оценка за транспарентен и отворен буџет за Македонија за 2019 година на меѓународното истражување на Индексот за отвореност на буџет стои дека Македонија се наоѓа на 67 место од вкупно 117 држави. Премиерот Зоран Заев постојано зборува за отворено општество, транспарентност и инклузивност во Македонија.
И денес на Меѓународниот ден на демократијата тој на својот Фејзбук профил на социјалните мрежи не пропушти шанса да истакне за демократијата, транспарентноста и отвореноста на мекедонското општество.
„Пред неколку години се соочивме со заробена држава, демократијата беше деградирана, а можноста да се учествува беше оставена на мала, привилегирана група луѓе. Сега е поинаку, членка сме на НАТО, чекориме забрзано кон ЕУ. Политичките процеси се отворени за секого, транспарентни и инклузивни. Граѓаните повеќе не шепкаат туку говорат гласно‘‘, вели Зоран Заев
Спротивно на ова во извештајот оценката за транспарентен буџет за Македонија е 41 (од 100) – каде што 100 означува задоволителна транспарентост а 0 означува незадоволителна транспарентност. Според извештајот и податоците во него Македонија е рангирана и со оценка нула (0) споредбено со регионот ниту една земја нема најниска оценка со што ја става Македонија во групата на најзатворени влади во регионот.
Во однос на вклучувањето на јавноста во креирање на националниот буџет Македонија има оценка 0 (од 100) за јавната вклученост со што се наоѓа на најниското место во регионот, додека Србија има оценка 2 за јавната вклученост, Босна и Херцеговина и Албанија (7), Словенија (11), Хрватска (22), Бугарија (26) и е со највисокаоценка во регионот.
Во однос на оценката за транспарентност во споредба со изминатите години, Македонија имала највисока оценка за транспарентен буџет во 2010 година со 49 (од 100) додека во 2017 година оценката изнесувала 37. Во извештајот за индексот за отвореност на буџет (Open budget index – OBI) за Македонија стои дека за да може да се зајакне јавната вклученост во процесот на креирање на буџет Македонија треба да воспостави механизам за да ја вклучи јавноста во креирање на буџетот и мониторирањето на буџетот како и активно да ги вклучи сите ранливите групи директно или преку граѓански организации коишто ги претставуваат.
Наспроти сите изјави на Владата и министрите за транспарентноста ова истражување и оценката за отворен буџет е независно, компаративно истражување коешто е базирано на факти и користи меѓународно признаени критериуми за оценка на јавниот пристап за информации поврзани со државниот буџет со што ги става под знак прашалник изјавите за отвореноста на Владата, премиерот и министрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.