Премиерот Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Франција Емануел Макрон во рамките на отворените средби на Беринската конференција за Западен Бакан, чии покровители се Франција и Германија.
Ова ќе биде најголемата прилика до сега за Македонија да го убеди Макрон дека земјата заслужува да добие датум за преговори во јуни.
Во Франција, Холандија и Данска владее национален консензус дека Европската унија не треба да се проширува по секоја цена, па токму од тие причини ова е мошне важна средба за Заев.
Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров беше во дипломатска мисија во Холандија.
Освен со Макрон, Заев ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.