Премиерот Зоран Заев денеска денеска рече дека ќе се консултира со адвокати дали да го тужи лдерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за обвинувањата кои ги искажа на вчерашната на прес конференција.

„Ќе кажам забегана работа, затоа што се претера со зборовите кои се употребуваат. Јас сум бил во притвори, со одземени пасоши, сум објавувал политички бомби, но сум внимавал на зборовите што ги користам. Ќе ги консултирам моите правни советници дали треба да го тужам затоа што иницира за обиди за убиство, зборува за некаква жестокост, тоа што го зборува, зборува за него, но тоа е најблаго кажано забегано“ рече премиерот по денешната средба со Билал Касами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.