Умножување на приходите на империјата во подем, која премиерот Зоран Заев ја гради на сметка на продавањето на националните интереси ќе продолжи со продавањето на Гоце Делчев само за „три чрвени“ бугарски пари.
Деновиве се почести се изјавите за откажување од Гоце Делчев, како од властите во Бугарија кои продолжуваат со наративот и условувањата дека ,,ништо не го чини Заев”, да се согласи со условите на Софија, така и изјавите на Заев дека после името се е полесно, веројатно за давање.
Дека Заев ќе направи договор за Гоце Делчев со Бугарија е повеќе од јасно. Впрочем цената за тоа ќе биде веројатно продолжување на бизнис интересите кои ги има во Бугарија и дебело впаричување на истите во милиони евра.
Ако се потсетиме колку чинеше името, се објавите на грчките медиуми кои пред две години известуваа за наводниот бизнис кој тогашниот вицепремиер на Заев, Кочо Анѓушев го имаше со грчките власти со продажбата на неговата фирма кон грчкото електростопанство. Анѓушев не кажа колку пари чинеше продажбата на фирмата и дали тоа беа пари за прифаќањето на позиициите за промена на името, за кое додека Заев ги договараше пазарењата со тогашната грчка влада, легнаа парите на сметките на неговиот вицепремиер.
Останаа да висат прашањата колку пари се искешираа и колку бизнис интереси истера Заев со грчките власти во пресрет на промената на името.
Пред една година пак во јавноста се појавија документи од постоечки фирми на Заев во соседната Бугарија, која исто како Грција пред две години, сега инсистира и врши притисок за откажување од Гоце Делчев.
Заеви според трговскиот регистар на Бугарија, од фирми во Бугарија кои ги поседуваат се фирми на Радиша Бојович Заев, зетот на Зоран Заев, братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев и неговиот брат Вице Заев. Трајче Заев ја поседува фирмата ,,Гомасидра” која работи во Бугарија, а истиот е косопственик на „Ориент Трејд“ заедно со Вице Заев. Радиша Бојович Заев пак ја поседува фирмата „Радиша Трејд“.
Несомнени се конекциите кои Заев ги има и со бугарската влада за успешност на неговите бизниси и во Бугарија кои се проценуваат во стотици милиони евра приходи. Заев ниту одрече, ниту поврди за тековните сметки на бизнисите и фирмите на неговата фамилија во соседна Бугарија. Впрочем зошто Заев би вложувал во ,,пријателската земја”, ако бизнисот таму не цвета.
Дека Заев се пазари со секого доволно факти имаше и јавноста која увиде поткупи на снимки, договарање рекети и тендерите кои се раздаваат што за промена за име, што за гласови, што за ослободителни пресуди.
Прашањето е сега за колку „чрвени“ Заев ќе го пазарува Гоце Делчев? Дали за милион евра повеќе или помалку ќе ќари за пазарот со Бугарија кој е во тек на преговори, или малку помалку милиони затоа што овој е „полесен договор“, отколку за името како што вели.
За колку „полесно“ ќе се договори за Гоце Делчев на сметка на повторното откажување од македонската историја и уште едно национално предавство, останува да се види во периодот кој што следи.
Но едно е јасно, пазарење за Делчев ќе има, уште едно национално предавство е во тек, за профит и укрупнување на империјата, па Заев продаде име, деца, историја, македонска држава и јазик сега „полесно“ ќе го продаде и Делчев за „три чрвени“ за Заевата империја цела да е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.