Законот за антикорупција е јасен и јасно предвидува дека премиерот истовремено не може да биде министер и дека овие две функции се непоиви. Меѓутоа, Законот за влада му дозволува на Заев да раководи со одреден ресор во одреден период во определни услови, ова денеска го изјави претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска. По оваа изјава одлуката дали премиерот ќе биде и министер останува неизвасна. Собраниски извори за Плусинфо велат дека премиерот Зоран Заев ќе го повлече предлогот истовремено да биде министер за финансии.
Во ситуација кога има постар закон, како што е Законот за Влада, и специјален закон, како што е Законот за спречување на корупција и судир на интереси, предност во примената има специјалниот закон или леџ специјалис, вели за Прсинг Тв директорот на Транспаренси Интернешенл и поранешен член на Антикорупциската комисија Слаѓана Тасева.
Седницата за избор на нови членови на Владата требаше да почне во 11 часот, почна еден час подоцна токму поради оваа причина.
Засега ќе нема предлог за нов министер за финансии, но не се знае ни дали Драган Тевдовски ќе остане на функцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.