ретседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната тринина во Тетово заедно со лидерот на Движењето Беса Билал касами порача дека коалицијата „Можеме” ќе оствари убедлива победа во оваа изборна единица и дека е време ДУИ по 17 години на власт да оди во опозиција.

„Слушајте ми го зборот, зборот е збор, во шеста изборна единица ќе го победиме ДУИ, во шеста изборна единица ќе ја победиме Алијанса и Алтернатива, во шеста изборна единица ќе имаме најмалку двојно повеќе пратеници од ВМРО – ДПМНЕ затоа што тоа е иднината, затоа што едно општество е тоа што е нашата Македонија, затоа што на народот му е преку глава од квазипатриоти и од квазинационализми”,

рече Заев.

Тој ја обвини партијата на Ахмети со која сега е во владина коалиција, дека во недостиг на економска понуда, ДУИ се враќа кон национализмот и ја навредува интелигенцијата на граѓаните.

„Граѓаните се тие кои кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде министер, а кој премиер. Ние во СДСМ имаме Албанци и пратеници, градоначалници и министри, немаме проблем и за премиер и за претседател, но тоа е одлука која на крајот ја носат нашите граѓани“,

рече Заев и порача дека ДУИ во опозиција ќе се реформира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.