Премиерот Зоран Заев на вчерашното гостување на Македонската телевизија најави дека ќе ги отвори сите архиви за да се види дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин. Тој е убеден дека ќе најде решение со Бугарија по примерот на Договорот со Грција и оти Делчев не треба да не разединува туку да не зближува.

Според Заев Гоце Делчев се борел за социјална права и против Османлиите но испушти да каже дека се борел за самостојна Македонија.

Имаме архиви и овде и во Бугарија, ќе ги извадиме тие архиви јавно и транспарентно да ги видат луѓето. Важна е историјата но таа треба да биде појдовна основа за иднината. Верувам дека архивите што ги има во нашиот архив се истите што ги има во бугарскиот. Ќе ги цитираме и ќе го најдеме решението и преку тоа двете страни да излеземе како победници-објасни Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.