Веројатно ќе бидеа првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Македонија. Ова во синоќешното интервју за „Алсат М“ го изјави премиерот Зоран Заев.

Во текот на целото интервју, Заев немаше проблем да го користи скратеното име Македонија, а на крајот од интервјуто на одјавата на новинарот во која му се заблагодари на Премиерот на Република Македонија за учеството во емисијата, Заев рече дека официјално тој сѐ уште е премиер на Република Македонија.

Во првото телевизиско интервју по ратификацијата на Договорот со Грција во македонскиот Парламент за „Алсат М“, Заев рече дека има одредено незадоволство во коалицијата (ДУИ) затоа што законот е испратен на Венецијанската комисија. Тој рече дека никој нема право од политичките партии да го присвојува тој закон, бидејќи, како што рече, тој е плод на граѓаните што гласалае за нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.