Очигледно дека Заев и Спасовски не се способни да се справат со скандалот „Јавна соба“ кој ја тресе јавноста со месеци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека додека секојдневно се јавуваат жртви на овој случај, Заев и Спасовски не нудат никаква заштита на жртвите.

Спасовски јавно потенцира дека не е способен да се справи со овој случај, а пак наспроти него Заев најавува дека ќе ја забрани апликацијата Tелеграм.
За разлика од Спасовски минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата.
Со ова уште еднаш власта докажа дека е неспособна да ги заштита граѓани, а најмалку малолетни лица да не бидат жртви на вакви злоупотреби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Спасовски прогласи капитулација не можејќи да се справи со „Јавна соба“, Заев како во Северна Кореја ќе го забранува Tелеграм, коментираат тие за соопштението на премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.