Во Македонија до сега немало случај во кој премиерот ја извршувал и функцијата министер за финансии. Македонскиот премиер Зоран Заев ќе биде првиот кој паралелно со премиерската позиција ќе се грижи и за државната каса. Тоа не е пракса и во државите во Европа. Ретки се примерите каде претседателот на Владата извршува обврски и во некое министерство.
Пред осум години Италија памети ваков случај. Премиерот Марио Монти беше и министер за финансии во време кога земјата требаше да спроведе мерки за штедење поради еден од најголемите национални долгови во Европа. Монти беше номинираан за премиер откако се повлече Силвио Берлускони.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас пак истовремено е министер за надворешни работи. Ја извршува оваа функција по оставката на Никос Коѕијас поради кавгата со лидерот на Независни Грци, Панос Каменос.
И во Албанија премиерот Рама раководеше со министерството за надворешни работи. Причина за тоа беша кавгата со претседателот Илир Мета околу предлогот Косовецот Гент Чакај да биде шеф на дипломатијата. Иако тоа траеше еден ден, односно Рама по само еден ден го делегираше Чакај да го претставува ресорот во меѓународните институции.
Извор: Пресинг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.