Премиерот Зоран Заев денеска јавно, на прес конференција повика да се одржи лидерска средба во петок за да се разговара и постигне договор за клучните прашања кои стојат пред државата до одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

Заев на лидерската средба ги повика претседателот на ВМРО/ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Како приоритетни теми на лидерската средба тој ги наведе Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и Пописот. Искрената и чесна посветеност на овие теми, како што рече, ќе ги заокружи реформите до есен.

Нема да дадеме никому аргумент да биде против, резервиран или слично, рече Заев.

На новинарско прашање дали е подготвен да распише предвремени избори, Заев рече дека ставот на неговата партија е да се овди на редовни избори, а сега е време, како што рече, да ѝ се даде шанса на економијата.

За односите со ДУИ, Заев рече дека се одлични.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.