За својот противкандидат Блерим Река, премиерот Зоран Заев вечерва во „Клик плус“ истакна дека го почитува многу, но дека му замерува што бара поддршка само од Албанците, додавајќи дека треба да бара гласови и од Македонците.
На прашање што должи на Албанците, што воедно беше и темата на вечерашниот „ClickPlus”, премиерот Зоран Заев одговори дека никому ништо не должи, дека се залагал за Албанците, и така станал најпопуларен политичар кај Албанците.
Премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување во „ClickPlus” даде интересна изјава за неговото прво вработување, за кое кажа дека било во неговата фирма, но дека очекувал да биде директор, но не му дозволиле па бил магацинер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.