Премиерот Зоран Заев се сретна со грчкиот амбасадор во заминување Димитрис Јанакакис. Заев му се заблагодари на амбасадорот Јанакакис за неговиот конструктивен придонес во Договорот од Преспа, како и за искрените заложби за унапредување на односите помеѓу двете држави и народите во нив.
Заеднички е констатирано дека политичката волја за изнаоѓање решенија е европски начин на однесување и придобивките се обострани: бенефити во квалитетот на живот на граѓаните на двете држави како и стабилност и просперитет.
На состанокот е изразена поддршка за пристапниот процес на Македонија кон ЕУ.
Активно продолжуваме со реформските процеси дома и со политиките на дијалог, пријателство и добри односи со соседите, бидејки нашата иднина е европска. Благодариме за поддршката од Република Грција и во реализацијата на оваа стратешка цел за нашата држава, рече премиерот Заев.
На средбата е разговарано за унапредувањето на економската соработка, преку поголема соработка на стопанските комори, во делот на инфраструктурата, за меѓуграничните олеснувања на движењето на граѓаните. Констатирано е дека продолжува соработката на двете држави и во време на пандемијата и се гледаат големи можности за нејзино интензивирање, во сите области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.