Власта не се окажува од идејата за брзи избори на 5 јули. Ова станува јасно по денешната одлука на Владата да му наложи на МВР да го подготви Избирачкиот список и истиот да го ажурира. Ова доаѓа во денот кога имаме седум мртви и дури 125 заболени.
Само за една недела имаме над 1.000 новозаболени, а пак дневно бројката се движи околу 100. Но тоа за Заев нема никакво, и онака тој народот го множи со нула и единствено се грижи како да се приграби повторно до власт бидејќи му е јасно дека на изборите, кога и да се случат ќе доживее убедлив пораз.
Порака до Заев дека изборниот датум мора да биде договорен со конзензус денеска стигна и од комесарот за проширување Оливер Вархеји. „Инклузивност“ е клучниот збор што го нагласува Вархеји, наспроти упорноста на Заев сам да си толкува кога треба да се случат. Јасно е дека датум за избори не може да биде одреден со уредба и во никој случај изборните дејства не можат да продолжат таму каде што застанале туку претседателот на Собранието треба да распише нов датум за избори откако претходно ДИК ќе се изјасни колку време му се потребни за подготовка на целиот процес.
Повеќе од сигурно е дека Заев ја втурнува земјата во политичка криза. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача сам да оди на брзи избори и оти во период кога се бројат мртви и заразени лудост е воопшто да се мисли за гласање. Мицкоски беше јасен дека Заев не смее да се коцка со здравјето на луѓето и дека тој не сака да биде дел од тоа.
Очигледна е нервозата кај власта, и Заев со своето упорно инсистирање да се оди на избори станува касап на народот. Ако се остварат намерите на Заев, на избори наместо гласови ќе се мерат мртви.А тоа освен Заев никој не го посакува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.