Бившиот премиер Зоран Заев постигна договор за спас на сопствената кожа. Тој се договорил со таканаречените Независни пратеници за точки од законот за јавно обвинителство, со кои ќе се спаси од прогон за сомненијата за сторен криминал, доколку ги изгуби изборите во април годинава. Се спасува себе си и своите соработници. Како што стојат резултатите од анкетите, се поизвесно е дека СДСМ ги губи овие избори, поради што и тој брза со носење на Закон кој ќе биде од негова корист. Па така пратениците кои гласаа за уставните измени со кои се промени и уставното име на земјава и го спасија Заев да го исполни она што го имаше ветено – продажба на името и идентитетот, и овојпат го спасуваат. Тие ќе бидат оние кои ќе кажат ДА и ќе донесат закон за кој експертите сметаат дека не е добар за државата. Повторно, од досега јасни причини, ќе одат спротивно на волјата на граѓаните, на државниот интерес и спротивно на експертското мислење, носејќи закон со кој СДСМ и Зоран Заев сакаат да се спасат од одговорност.

Тие се договориле со бившиот премиер Заев бомбите да не важат. Според нив договорено е:

-Јавното обвинителство повеќе не може да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушкувани материјали
-Согласно забелешките на сите присутни експерти на јавната расправа во однос на преносот на надлежностите од СЈО во ОЈО, а во духот на времениот карактер за кој СЈО беше формирано, предложивме преземање на предметите од јавните обвинителства согласно надлежностите утврдени со овој закон
– Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон

Се поставува прашањето – зошто за едни може, за други не може да се покренуваат обвиненија од т.н. бомби?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.