Премиерот Зоран Заев соопшти дека на барање на некои европски земји, Србија ќе паузира со примената на Меморандумот за патување без ПЦР тестови склучен со Македонија и Албанија, за што навремено информирала српската Влада.

Веројатно, Германија и некои други земји бараат од земјите кај нас, веќе одржаа состанок и со нашиот министер за внатрешни работи заради меѓусебното поврзување, тие ќе го паузираат фактички Меморандумот или договорот за патување без ПЦР тестови помеѓу Македонија, Србија и Албанија. И при едни вакви околности навремено информираше српската Влада, изрази жалење. Секако не се лутиме, нема и зошто да немаме разбирање заради тоа што ние тоа го направивме најдобронамерно верувајќи и до ден денес веруваме дека ширењето на вирусот е дома, внатре со меѓусебното групирање, не со меѓусебното патување – изјави Заев.

Заев верува дека договорите кои сега се ставени во мирување ќе бидат вратени до крајот на јануари, при тоа не кажа дали е можно времено повлекување на македонската страна од Меморандумот..

Немаме ниту увоз, ниту извоз на заразувањето, но дефинитивно кога имаме обврски спрема други земји, секако јасно е дека тие треба да се почитуваат – вели премиерот.

Македонија, Србија и Албанија од 10 ноември почнаа да го применуваат Меморандумот за патување на граѓаните на трите земји со кој граѓаните можеа да патуваат од една во друга држава без приложување негативен  ПЦР тест. Со документот се овозможува и граѓанин на некоја од земјите потписнички кој ќе се затече на територијата на друга земја и треба да се лекува во земјата во која е хоспитализиран, тогаш државата во која се лекува да ги сноси трошоците за тоа лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.